квалификација | ж.

Оценка на квалитетот, вредноста, својствата на некого или нешто. Авторот посебно се задржува врз квалификацијата на личностите.

квалификува | св. и несв.

а) Оцени, оценува качества, вредности, својства на некого или на нешто. Тој обид го квалификуваа како бунтовнички стремеж за слобода. б) Определи, определува, стави, става во определена група, категорија и сл. според некои обележја, својства или квалитет. Неговите дела беа квалификувани како плагијат.

квалификуван | прид.

Што има соодветни квалификации, што има потребно знаење, школска, стручна и сл. подготовка, што е оспособен, стручен за нешто. Подоцна самиот призна дека е квалификуван тутунски работник.

квалифицира (се) | св. и несв.

квант | м.

Количество енергија што се јавува или зрачи при промена на состојбата на составните делови на материјата (атоми, молекули и др.).

кванташки | прид.

Само во изразите: Кванташки пазар – пазар на големо. Кванташки цени – цена за купување на големо.

квантен | прид.

Што се однесува на квант. Квантна теорија. Квантна механика.

квантитативен | прид.

Што се однесува на квантитет; количински. Меѓу нив постои квантитативна и квалитативна разлика. Квантитативна редукција.

квантитет | м.

Количина, бројност, големина во физичка смисла. Списанието постојано се подобрува и по својот квалитет и по својот квантитет.

квантификација | ж.

Поклопување, совпаѓање по квантитет.