квантифицира | св. и несв.
Определи, определува, измери, мери нешто по квантитет. Наставната програма го квантифицира бројот на наставни часови.
квантум | м.
Количина, бројност, големина, опсег;
кварт | м.
Дел од градот, градска четврт, реон. Таа живее во новиот кварт од градот.
квартал | м.
Четвртина од годината, период од три месеца; тримесечје. Во последниот квартал од годината постигнати се големи успеси во производството.
квартален | прид.
Што се однесува на квартал; тримесечен. Квартален план.
квартет | м.
Музичка творба за четири инструмента или четири гласа.
квартира | ж.
Стан, соба за живеење. Во квартирата има достатно место за нас и за она малку мебел што го имаме.
кварц | м.
Тврд, безбоен минерал (силициум-диоксид), еден од најраспространетите во Земјината кора, што се користи како суровина во производството на стакло, порцелан и др.
кварцит | м.
Метаморфна карпа составена од зрна кварц, цврсто поврзани со силициумски цемент.
квас | м.
Квасец. Во недела жените месеа леб, па квасот требаше да биде замесен одвечер.