квасен 1 | прид.
Што е од квас.
квасен 2 | прид.
Што се однесува на квас, квасец; што содржи квас, квасец; што се подготвува со квас, квасец. Квасено млеко.
квасец | м.
Маса составена од живи квасни габички што предизвикуваат вриење, ферментација; маја. Го стави квасецот во малку вода и го замеси тестото.
кваси 1 | несв.
Става квас, маја во пресно млеко; потквасува, поткиселува.
кваси 2 | несв.
Мокри, влажи, наквасува. Снегот му ги квасеше нозете.
квасник | м.
Леб со квасец, квасен леб.
квачи | несв.
За птици – веде пилиња лежејќи на јајца. Кокошките квачат јајца.
квачило | ср.
Дел од преносниот механизам со кој се активираат тркалата кај моторни возила; куплунг.
квачка | ж.
Кокошка што квачи јајца и се грижи за пилињата. Крај буништето си преташе една квачка со пилиња.
Квебек | м.
Провинција во Канада.