милиграм | м.

Мерна единица што означува илјадити дел од грам.

милилитар | м.

Мерна единица што означува илјадити дел од литар.

милиметар | м.

Мерна единица што означува илјадити дел од метар.

милина | ж.

Чувство на задоволство, уживање, пријатност. Му се исполни душата со милина кога ја слушна песната.

милион | м.

Број еднаков на илјада илјади изброени единици од нешто.

милионер | м.

Многу богат човек, чиешто богатство изразено во пари може да се мери во милиони.

милитантен | прид.

Што војува; борбен, воинствен. Милитантна група.

милитаризам | м.

Државен систем што се потпира на војската и во кој војничкиот сталеж има најголемо влијание и најголеми овластувања.

милитаризација | ж.

Засилување на военото влијание; воведување милитаристички систем;

милитаризира | св. и несв.

Воведе, воведува милитаристички систем.