милитарист | м.
Приврзаник на милитаризмот.
милитаристички | прид.
Што припаѓа, што се однесува на милитаризам и на милитарист.
милицаец | м.
милиционер | м.
Припадник на милиција.
милиција | ж.
(истор.) Вооружена формација задолжена за чување на редот и сигурноста на граѓаните при немање своја војска.
миличок | прид.
милијарда | ж.
Број еднаков на илјада милиони изброени единици од нешто.
милијардер | м.
Многу богат човек, чиешто богатство изразено во пари може да се мери во милијарди.
милка се | несв.
Се умилкува, се додворува некому. Детето ѝ се милкаше на мајката.
милне | св.
Погали со рака. Го милна кучето по главата.