Мисури | м.

Река и сојузна држава во САД.

мит | м.

Народно предание за богови, јунаци, природни појави и измислени настани.

митари се | несв.

За животни – менува пердуви, крзно.

митарство | ср.

Во христијанството – по смртта,секоја крстена душа мора да помине низ дваесет митарства за разни гревови за да стигне до Небесното царство; мака, искушение.

митаџија | м.

Тој што прима мито.

митесер | м.

Лојно црнкаво чепче во порите на кожата; мозолче, црнка.

митинг | м.

Масовен (обично политички) собир на луѓе заради расправање за прашања од општ интерес. Политички митинг.

митингар | м.

Учесник во митинг; чест говорник на митинг.

митингува | несв.

Држи, одржува митинг.

митка се | несв.

Се умилкува, се додворува.