мистик | м.

Приврзаник на мистицизмот.

мистика | ж.

мистицизам.

мистификатор | м.

Тој што прави мистификација.

мистификаторство | ср.

Дејност на мистификатор.

мистификација | ж.

Неточна, вештачка конструкција, намерна измама или заблуда.

мистификува | св. и несв.

Направи, прави мистификација. Ја мистификуваа историјата.

мистицизам | м.

Склоност кон таинственото и верување во натприродното, стремеж за соединување на човекот со божественото во занес и екстаза. Религиозен мистицизам.

мистичен | прид.

Што се однесува на мистика; што е исполнет, обвиен со мистика. Мистична поезија.

мистрија | ж.

Ѕидарска алатка за нанесување малтер.