младинец | м.
Припадник на младина.
младини | и.
Млади години, младост.
младич | м.
Млад човек, момче.
младичок | прид.
младоженец | м.
Маж што стапува во брак, зет.
младолик | прид.
Што има млад лик, што изгледа млад. За годините беше многу младолик.
младост | ж.
Возраст меѓу детството и почетокот на зрелите години. Се сеќававме на нашата младост.2. Особина на тој што е млад.
младотурци | и.
Политичка турска организација на преминот од XIX во XX век што се стремела за преобразба на општеството според западноевропски модел.
млаз | м.
Паралелно течење на честичките од течност или гас
млазен | прид.
Што работи со исфрлање гасови со голема брзина; реактивен. Млазен авион. Мотор на млазен погон.