млазница | ж.

Отвор од каде што излегува млаз.

млак | прид.

Што е со средна топлина, ни многу врел ни многу студен. Млака вода. Млако млеко.

млака | ж.

Бара, мочуриште; макла.

мласка | несв.

Јаде со отворена уста при што испушта карактеристичен звук. Дедото мласкаше додека го јадеше месото.

млачи | несв.

Прави нешто да биде млако, загрева. Го млачеше млекото за децата.

млачиште | ср.

Мочуришно место.

млекар | м.

Тој што произведува, преработува или што продава млеко.

млекарник | м.

Просторија каде што се чува млеко.

млекарница | ж.

Објект, зграда каде што се произведува млеко.

млекарство | ср.

Дејност за производство на млеко и млечни производи.