множи | несв.
Зголемува број, количество на нешто. Глувците се множеа во селото.
множина | ж.
Форма кај менливите зборови што означува повеќе од едно лице, предмет или поим; плурал.
множител | м.
Број со кој се множи друг број.
мнозина | прил.
Само за лица од машки пол и мешани лица – во голем број, многумина; Мнозина дојдоа на прославата.
мнозинство | ср.
Поголем дел, поголем број од некоја група луѓе; Мажите се мнозинство во политиката. Парламентарно мнозинство. Апсолутно мнозинство. Просто мнозинство. Квалификувано мнозинство.
мноштво | ср.
мобилен | прид.
Што е подвижен. Мобилен човек.
мобилизатор | м.
Тој што поттикнува, што раздвижува, што мобилизира.
мобилизационен | прид.
Што е за мобилизација, што е во врска со мобилизација;
мобилизација | ж.
(воен.) Повикување на воените обврзници во активна служба.