мобилизира | св. и несв.
(воен.) Изврши, врши мобилизација. Го мобилизираа уштена 18 години.
мов | м.
Растение што расте по стеблата на дрвјата, по влажни камења и сл. со зелена боја; Bryophyta.
мовлив | прид.
Што има мов.
мовче | ср.
Могадишу | м.
Главен град на Сомалија.
могила | ж.
Мало возвишение.
мода | ж.
Начин на облекување и живеење што одговара на вкусот на определена средина во определено време. Се облекува по последна мода.
модален | прид.
За зборови, изрази и реченици со кои сеизразува личен однос, став кон нешто, неопходност и можност (увереност, неверување, несигурност, сомневање, претпоставка, желба и сл.), како на пр., за чудо, за среќа, се разбира, нормално, по секоја цена, на крајот на краиштата и др. За големо чудо, успеав да ја научам лекцијата. Без сомнение ќе дојде. Сигурно врне дожд.
модалитет | м.
Начин на кој нешто се прави, се случува; обусловеност на начинот на кој се пројавува нешто што е општо.
модалност | ж.
Граматичка категорија што го изразува субјективниот однос на зборувачот кон реалноста на тоа што е содржина на неговото искажување;