мотел | м.
Хотел покрај автопат со паркинг, наменет за прифаќање на тие што патуваат со моторни возила. Преноќивме во мотел.
мотив | м.
Повод, поттик, причина за извршување на некоја активност. Мотивите за неговото однесување се нејасни. Обвинителот ги бара мотивите за злосторството.
мотивација | ж.
Севкупност од мотиви, причини, кои го обусловуваат човековото дејствување; образложение. Зборува без мотивација. Надворешна мотивација. Основна мотивација на сите негови активности е сознанието дека придонесува за будење на народот.
мотивика | ж.
Севкупност на мотиви, тоа што го даваат мотивите во едно литературно и сл. дело. Патриотска мотивика. Овие строфи носат белег на патриотска и социјална мотивика. Срендовековната мотивика живее и се протега до 19 век. Мотивиката на песната.
мотивира | св. и несв.
Изнесе, изнесува мотиви, образложи, образложува, објасни, објаснува. Тоа го мотивираше. Позитивните примери ги мотивираат учениците.
мотивиран | прид.
Што има мотив, што е заснован врз мотив.
мотивирачки | прид.
Што мотивира, поттикнува. Мотивирачки говор. Мотивирачка причина.
мотивски | прид.
Што се однесува на мотив. Мотивска сличност. Мотивски јадра. Мотивско збогатување.
мотика | ж.
Железно орудие со долга рачка за копање земја, прекопување посеви и др. Ја нарами мотиката. Ги грлевме пченките со мотиките. Со мотиката ги правеше леите.
мотка се | несв.
Цел ден се мотка околу велосипедот. На пазарите се моткаа џамбазите. Се моткаше меѓу гостите. Ветерот му се мотка и му пречи да оди. Не моткај ме.