мото | ср.

Остроумна мисла, изрека; афоризам.

мотовило | ср.

Направа на која се мота предено, стап со чатал на едниот крај, на другиот со подвижна штичка. Старицата го моташе преденото на мотовилото.

мотор | м.

Машина што ја претвара енергијата во механичка работа (обично за машини кои се движат со согорување на нафтени деривати или со електрична енергија). Автомобилски мотор. Бензински мотор. Брчење на мотори. Го запали моторот.

моторен | прид.

Што се однесува на мотор; што има мотор, што се движи со мотор. Моторно брчење. Моторно возило. Моторен чун. Моторен воз. Моторна пила.

моторизација | ж.

Снабдување, опремување со моторни возила.

моторизира | св. и несв.

Обезбеди, обезбедува, снабди, снабдува со моторни возила.

моторизиран | прид.

Обезбеден, снабден со моторни возила. По патот се движеа моторизирани колони.

моторика | ж.

Способност за движење, подвижност, и за изведување поврзани движења со телото или со некои делови од него. Моториката треба да се базира на особеностите и физичките способности на ученикот.

моторист | м.

Работник кој ракува со мотори.

мотоцикл | м.

Моторно возило на две тркала. Се вози на мотоцикл. Му се расипа мотоциклот. Брчење на мотоцикли.