малодушен | прид.

Што е без верба во себе, нерешителен, плашлив. Не биди толку малодушен, ќе се среди работата.

малоимотен | прид.

Што има малку имот, сиромашен. Малоимотен човек.

малокалибарка | ж.

Пушка со мал калибар.

малокалибарски | прид.

Што е со мал калибар, обично за оружје. Малокалибарска пушка.

малокрвен | прид.

Што е со слаба крв, слабокрвен, анемичен.

малолетен | прид.

Што е на мала возраст, што ги нема годините за правна одговорност;

малолетник | м.

Малолетно лице.

малолитражен | прид.

За моторно возило – што троши малку гориво. Малолитражен автомобил.

малопродажба | ж.

Трговија на мало.

малопродажен | прид.

Што е наменет за трговија на мало. Малопродажна стока. Малопродажни цени.