малоумен | прид.
Што е со малку ум, слабоумен, ограничен.
Малта | ж.
Островска држава во Средоземното Море.
малтер | м.
Смеса, обично од песок, вар и вода, што се користи за ѕидање и премачкување. Фасаден малтер.
малтериса | св.
Обложи со малтер. Мајсторите за неколку дена ја малтерисаа куќата.
малтерџија | м.
Тој што меша, што подготвува малтер.
малтретира | несв.
Лошо постапува, тормози, угнетува некого или нешто. Тој ја малтретираше жената.
малцина | прил.
Само за лица од машки пол и за мешани лица ‒ незначително по број, малкумина; Малцина дојдоа на прославата.
малцинство | ср.
(само едн.) Помала група; мнозинство. Жените се малцинство во политиката. Парламентарно малцинство.
мама | ж.
Назив за сопствената мајка обично во фамилијарни односи, мајка ми/ни. Мама ми кажа да учам.
мамеж | м.