мухаџир | м.

Иселеник, бегалец, емигрант.

мухаџирлак | м.

Иселеништво, емигрантство.

муц! | изв.

Во изразот туц-муц.

муце | ср.

Го допре муцето до мечката. Муцињата им беа топли и влажни.

муцка | ж.

Предниот дел од главата на некои животни (коњ, куче итн.) со носот. Песот лежеше со муцката на шепите. Срните ги подаваа муцките кон децата. Воловите фатија пена на муцките.

муцка | несв.

Зборува неразбирливо, неповрзано и тивко.

муцкало | ср.

Оној што муцка, мрморко.