мутира | св. и несв.
(биол.) За живи организми – со мутација промени, менува својства, особини.
мутлак | мод.
Секако, сигурно, веројатно, бездруго, со увереност. Мутлак се уморила. Мутлак ме излажа.
мутли | и.
Потпокрив. Старите работи се фрлаат во мутлите.
муур | м.
Печат, жиг. Му удри еден муур.
муф | м.
Дел од женска облека, едноделна ракавица (најчесто од крзно) со отвори од двете страни, за греење на рацете. Си ги стопли рацете во муфот.
муфте | прил.
Бесплатно, на туѓа сметка, џабе. Јаде и пие муфте.
муфтеџија | м.
Тој што сака сè бесплатно, за џабе, што сака да се чести на туѓа сметка.
муфтија | м.
Муслимански свештеник (најстар и највисок во една област); великодостојник.
муфљуз | м.
Пропаднат човек; вагабонт, скитник.
мухамеданец | м.
Припадник на муслиманската вера, муслиман.