манастир | м.
Црква со придружни објекти во кои во заедница живеат монаси или монахињи.
манастириште | ср.
Место каде што имало манастир.
манга | м.
Груб, дрзок, безобѕирен, бесрамен човек.
мангал | м.
Метален сад во кој се става жар и служи за греење. Седнаа крај мангалот да се греат.
манган | м.
Сребреникавобел тврд метал што се користи во металургијата, медицината и др.; симбол Mn.
мангар | м.
Стара турска бакарна пара; со мала вредност.
манго 1 | м.
манго 2 | ср.
Тропско овошно дрво со бујно разгрането стебло, со крупни плодови во светложолта боја; Mangifera indica.
мангуп | м.
Тој што е палав, итар, снаодлив; скитник, безработник. Откако почна да се дружи со мангупи, попушти во училиштето.
мангупарија | ж.
Група мангупи. Тргни се од таа мангупарија, не се тие за тебе.