мандало | ср.

Дрвена гредичка што се става попречно од внатрешната страна на врата, порта за затворање, а при отворање се поткрева.

мандари | несв.

мандоса, мандосува.

мандарин | м.

Висок чиновник во царска Кина.

мандарина | ж.

Дрво што расте во јужните краишта, слично на портокал, но со помали плодови со сладок вкус и убав мирис; Citrus nobilis.

мандат | м.

а) Овластување дадено некому со кое може нешто да работи, да застапува некого и сл., обично на определено време; полномошно. Пратенички мандат. Директорски мандат. б) Времето, рокот на траење на овластувањето.

мандатар | м.

Тој што прима мандат; овластено лице, застапник.

мандатен | прид.

Што се однесува на мандат. Мандатна комисија.

мандатор | м.

Тој што дава мандат, овластување, полномоштво.