Маршалски Острови | и.
Островска држава во Тихиот Океан.
маршира | несв.
Чекори во марш; се движи кон определена цел. Војската маршираше низ улиците на градот. Војниците маршираа 40 километри до фронтот.
маршрута | ж.
Однапред определен пат што треба да се помине или е поминат; план за движење или патување. Туристичка маршрута.
маса 1 | ж.
Парче мебел што се состои од рамна плоча поставена на четири ногалки. Маса за јадење. Маса за пишување.
маса 2 | ж.
Неодредено, необликувано количество од некој материјал; супстанција, материја. Пластична маса. Керамичка маса.
маса 3 | ж.
Мера за инерција на едно тело, единица за маса е грам и килограм во интернационалниот систем на мерки; тежина на телата при мирување.
масажа | ж.
Триење на телото од медицински или козметички причини.
масажен | прид.
Што служи за масажа. Масажно масло.
масажер | м.
Апарат со кој се прави масажа.
масакр | м.
Убиство на голем број луѓе, крвопролевање. Војниците направија масакр во селото.