маслинест | прид.

Што има боја на маслинка; зеленикаво-кафена.

маслинка | ж.

Повеќегодишно зимзелено суптропско дрво со ситни плодови со семка кои се користат за јадење и за производство на масло; Olea europaea.

маслинов | прид.

Што потекнува од маслинка, што се прави од маслинка. Маслинови насади. Маслиново масло.

масло | ср.

Прехранбен производ во течна состојба, нерастворлив во вода, што се добива од некои растенија или од риба. Сончогледово масло. Пченкарно масло. Маслиново масло. Рибино масло.

маслодаен | прид.

Од кој се добива масло. Маслодајни култури.

маслоса | св.

Извалка, замасти. Панталоните цели ги маслоса.

мас-медиум | м.

Средство за масовно информирање: печат, радио, телевизија, интернет. Телевизијата е најмоќен мас-медиум.

маснотија | ж.

масло.

масовен | прид.

Што е многуброен, што е во голем број, што е наменет за масите. Протестите беа масовни. Весникот се печатеше во масовен тираж. Интернетот е најново средство за масовна комуникација.