маша | ж.
Метална направа со два крака што служи за расчепкување жар. Со машата го распрета пепелот.
машала! | изв.
За изразување восхит, пофалба; браво! Машала колку си нараснал!
машина | ж.
Орудие за работа управувано од човек што со движење на определени свои делови, претворајќи ја енергијата од еден вид во друг, врши некаква работа. Погонска машина. Парна машина.
машинерија | ж.
Делови од машина, механизам на машина.
машинист | м.
Човек што управува со машина, што работи со машина.
машинка | ж.
дем. од машина. Машинка за бричење. Машинка за потстрижување.
машинобравар | м.
Работник што поправа и одржува машини или изработува машински делови.
машиноградба | ж.
Индустриска гранка што ги опфаќа фабриките за производство на машини; машинска индустрија.
машински | прид.
Што се однесува на машина, што е во некаква врска со машини, индустриски. Машинска индустрија. Машински инженер.
машинство | ср.
Наука за конструирање, производство и користење машини.