мајовица | ж.
Зимна риба што се лови во месец мај, јуни во Охридското Езеро.
мајонез | м.
Сос од жолчки, растително масло, лимон и др.
мајор | м.
Офицерски чин помеѓу капетан и потполковник.
мајоризација | ж.
Победување со мнозинство гласови, надгласување.
мајоризира | св. и несв.
Надгласа, надгласува некого.
мајоритет | м.
Мнозинство гласови.
мајстор | м.
Самостоен занаетчија. Мајсторот ги учи чираците.
мајсториса | св.
Направи, изработи нешто мајсторски. Мајсториса ли нешто од толку работа?
мајсторица | ж.
Жена мајстор.
мајсторија | ж.
Вештина, способност да се направи нешто, мајсторство. Оваа скулптура е вистинска мајсторија.