мајсторка | ж.

Жена на мајстор.

мајсторов | прид.

Што припаѓа на мајстор. Мајсторов алат.

мајсторство | ср.

Умеење, вештина да се направи мајсторско дело; дело мајсторски изработено;

мајтап | м.

Шега; подбив, потсмев. Си играат мајтап со него.

мајтапи се | несв.

Се шегува; се подбива, се потсмева. Тој се мајтапеше со нас.

мајтапчија | м.

Тој што сака да прави мајтап, да се мајтапи. Дедото беше голем мајтапчија.

мајчик | м.

Што личи на мајката.

мајчин | прид.

Што припаѓа на мајка, мајкин. Мајчин дом. Мајчино млеко.

мајчинство | ср.

Состојба, својство на жената да раѓа, да е мајка. Уживаше во мајчинството.