маќеа | ж.

Жена на таткото во однос на неговите деца од претходниот брак. Таа им беше маќеа, ама добро се грижеше за децата

маџун | м.

Густо сварено овошје со шеќер, вид мармалад, вид слатко. Маџун од сливи.

Маџуро | ср.

Главен град на Маршалските Острови.

Мбабане | ср.

Главен град на Свазиленд.

ме | зам.

Кратка форма за директен предмет од личната заменка јас; се употребува сама или заедно со долгата форма ‒ мене ме; Ме викнаа да дојдам. Мене ме избраа.

ме! | изв.

За имитирање глас на коза.

меана | ж.

Крчма, гостилница.

меандер | м.

Назив за кривулесто течение на река.

меанџика | ж.

меанџија.

меанџија | м.

Сопственик на меана; крчмар, гостилничар.