мизерува | несв.

Живее во беда, во голема сиромаштија. Целиот живот мизеруваше.

Микена | ж.

Древен град на Пелопонез, денешна Грција.

микро- | претс.

Како прв дел во сложени зборови со значење мал, ситен, со мал размер; Микрокосмос. Микроструктура.

микроб | зам.

микробиолог | м.

Специјалист по микробиологија.

микробиологија | ж.

Дел од биологијата што се занимава со проучување на микроорганизмите, микробите.

микробран | м.

Дел од електромагнетниот спектар кој е сместен помеѓу радиобрановите и инфрацрвените зрачења, неопходен за работа на телевизорот, телефонот и за пренесување податоци меѓу страните на Земјата и меѓу Земјата и сателитите, бран со бранова должина помала од 10 см.

микробранов | прид.

Што се однесува на микробран.

микроклима | ж.

Клима на долниот, приземен атмосферски слој, ограничена на определена средина, во дадена ситуација.

микрометар | м.

Единица за должина рамна на еден милионити дел од метарот; микрон.