микрон | м.
Микронезија | ж.
Подрегион на Океанија, во северозападниот дел на Тихиот Океан.
микроорганизам | м.
Најмал организам видлив само под микроскоп; микроб.
микропроцесор | м.
микроскоп | м.
Оптичка направа со две леќи што служат за зголемување, се користи за проучување предмети и микроорганизми што не можат да се видат со голо око.
микроскопски | прид.
Што се гледа само под микроскоп.
микрофилм | м.
Филмска снимка на стари ракописи, книги и сл. во намалена големина.
микрофон | м.
Направа што служи за претворање на звучните бранови во електромагнетни, се користи за засилување и за пренесување на звукот.
микрочип | м.
миксер | м.
Апарат за мешање, матење а) во кујна, б) во градежништво и др. Кујнски апарат што служи за матење, мешање.