наспореден | прид.

Што е по целата должина на иста оддалеченост од друг, што не се пресекува; паралелен. Наспоредни линии.

наспрема | предл.

наспроти | предл.

наспротива | прил.

На спротивната страна. Се загледа наспротива, преку реката.

насрба се | св.

Со србање се најаде, се засити; се насрка.

насред | предл.

Пространствена определба – во средината на нешто; Насред село тапан бие, оро се вие

насреде | прил.

На средината, во средината. Имаше само едно килимче насреде во собата. Од таванот висеше насреде старинска ламба. Требаше да погоди насреде.

насрка се | св.

Со сркање, се најаде, се нахрани. Наутро ќе се насркаше попара со млеко и излегуваше на работа.

насрочи | св.

Определи ден на судска расправа. Предметот го насрочија за идниот четврток.

насрчи | св.

Поттикне, охрабри некого. Секогаш беше готов да ја помогне и да ја насрчи групата талентирани млади соработници. Публиката бурно ги насрчуваше своите играчи.