насон | прил.

Во сон, при сонување; Ангелот ѝ се јавил насон и ѝ кажал дека ќе роди. Толку пари ни насон немаше видено

насочен | прид.

Што има определена насока. Насочено образование. Насочено движење.

насочи | св.

Определи, даде насока, управи во некоја насока. Бродот го насочи кон најблискиот остров. Ја насочи пушката кон селанецот. Погледите ги насочија кон прозорецот.

наспие се | св.

Помине доволно време во спиење, до задоволување на потребата од спиење. Утре не се работи, добро ќе се наспијам.

наспичи се | св.

Се набоде со спица. Се наспичил, и прстот му гнојосал.

наспичок | м.

Остро деланче, трнче, боцка. Одвај го изваде наспичокот од раката.

наспомене | св.

Накусо дообјасни, дополни; спомене, потсети. Ќе наспоменам уште дека тие се во блиска роднинска врска. Му наспоменав за неговите ветувања, ама се направи како да не ме слушна.

наспоред | предл.