наткаже | св.
Покаже во поголем број, во поголема мера отколку што е. Кога го прашав колку години има, ги наткажа годините.
наткачи | св.
Покачи, додаде при пазарење, при определување цена. Ќе ти наткачам некој денар, и да не се пазариме повеќе. Да ја наткачат цената на тутунот малку, да го извадиме лебот.
натколеница | ж.
Делот од ногата над коленото, бут. Вежби на мускулите на градниот кош, на стомакот, на натколеницата, на потколеницата и на стапалото.
наткопа | св.
Надмине некого во копање. Него никој не може да го наткопа.
наткоси | св.
Надмине некого во косење. Тој сите ги наткоси.
наткрили | св.
Надвисне над нешто, надвиши нешто. Јаворот толку израсна, ја наткрили рекичката.
наткупи | св.
Плати повисока цена од друг при продажба. Тој влезе во пазарењето и ја наткупи куќата.
натлак | ж.
Тоа што го надонесува водата при поплава или при дотекување, нанос, мил
натлачи | св.
За река, вода – надонесе земја, песок, мил. Реката го натлачила ова место.
натлачиште | ср.
Место на кое има натлака, нанос, мил, натлачено место.