натера | св.

Принуди некого на нешто. Го натера да ја заврши работата. Ја натерале да се омажи за него. Гладот го натерал да проси.

натече | св.

Добие оток, отече. Да се починеме малку, зашто нозеве ми натекоа.

натеченост | ж.

Состојба на тоа што е натечено.

натимари | св.

Со тимарење добро исчисти коњ или друг добиток.

натиск | и.

Силно воздејство; притисок.

натиска 1 | св.

Смести на мал простор, нагнете. Нè натискаа сите во еден камион како добиток.

натиска 2 | несв.

Пригмечува, нагмечува. Самарот го натискаше и му правеше рана на бедното животно.

натисне | св.

Пригмечи, нагмечи. Неговите тешки стапала ја натиснаа зелената трева.

наткава | несв.

наткае | св.

Исткае во доволно или во големо количество. Наткала килимчиња за сите соби.