националсоцијализам | м.

Политичко фашистичко движење во Германија меѓу двете светски војни со идеологија и доктрина, засновани врз реваншистичките националношовинистички тенденции на најреакционерниот дел од буржоазијата за завладување на светот со војна, терор и насилство; нацизам.

националсоцијалист | м.

Приврзаник на националсоцијализмот; нацист.

националсоцијалистички | прид.

Што припаѓа, што се однесува на националсоцијализмот и на националсоцијалист, националсоцијалистка; нацистички.

нацист | м.

Приврзаник на нацизмот; националсоцијалист.

нацистички | прид.

Што припаѓа, што се однесува на нацизмот и на нацист, нацистка; националсоцијалистички.

нацица | св.

Нахрани бебе со цицање, надои.

нација | ж.

Историски создадена општествено-економска, културна и политичка заедница врз основа на заедничка територија, јазик, минато, традиции, психичка конституција, силно проникната со свест за заедничка припадност. Македонска нација. Француска нација.

нацрви | св.

Стави црвило на усните, на лицето.

нацрни | св.

Намачка нешто со црна боја.

нацрпи | св.

Со црпење (со некаков сад, со лажица, лопата и др.) земе нешто (вода, земја, песок и др.). Нацрпив една кофа вода. Нацрпете две лажичиња сол.