нацеди | св.

Со цедење добие извесно количество течност (сок, мед и др.).

нацепи | св.

Со цепење (дрва и сл.) добие доволно количество, исцепи колку што треба. Нацепи дрва да ја запали печката. Нацепи дрва за цела зима.

национален | прид.

Што се однесува на дадена нација. Национална самобитност. Национално движење. Национална програма.

национализам | м.

Идеологија на општествено, политичко и културно дејствување која националните интереси и вредности на една нација ги поставува над другите граѓански вредности и над интересите на другите нации.

национализација | ж.

Одземање на имотот (земја, фабрики, средства за производство, недвижен имот, обртни средства) од приватниците во полза на државата; подржавување.

национализира | св. и несв.

Изврши, врши национализација.

националист | м.

Приврзаник на национализмот.

националистички | прид.

Што припаѓа, што се однесува на национализам и на националист, националистка.

националност | ж.

Припадност кон определена нација.