навивачки | прид.
Што се однесува на навивач, на навивање. Навивачки реквизити. Навивачки страсти. Навивачко расположение.
навивка | ж.
Парче платно за обвивање на нозете наместо чорапи.
навигатор | м.
Специјалист за навигација (во поморството и во воздухопловството); морепловец; воздухопловец.
навигација | ж.
Вештина и наука за управување бродови, во поново време, и авиони со одредување на нивната позиција, курс и растојанието што го минуваат.
навиди | св.
Посети некого, намине кај некого. Бев да ја навидам. Отиде да ги навиди родителите. Често ме навидуваат.
навидум | прил.
На вид, на изглед, на прв поглед, без задлабочување. Тие само навидум се скромни. Навидум остана спокоен, а во душата одвај го совладуваше гневот. Расправијата почна навидум случајно.
навие | св.
Намота (предено, конец и др.). Треба да навие предено за ткаење. Навива жица на макара.
навик | ж.
Однесување, постапка што со долго повторување станала обична, постојана за некого. Запали цигара, повеќе по навик одошто од потреба. Имаше навик да станува многу рано. Му мина во навика пред легнување да се прекрсти
навика | св.
Со викање изнакаже многу некому (при кавга, расправија). Му навика сè што му дојде на ум.
навикне | св.
Добие некаков навик. Навикнал повеќе да слуша одошто да зборува.