навик | ж.
Однесување, постапка што со долго повторување станала обична, постојана за некого. Запали цигара, повеќе по навик одошто од потреба. Имаше навик да станува многу рано. Му мина во навика пред легнување да се прекрсти
навика | св.
Со викање изнакаже многу некому (при кавга, расправија). Му навика сè што му дојде на ум.
навикне | св.
Добие некаков навик. Навикнал повеќе да слуша одошто да зборува.
навилец | м.
Сено колку што може да се крене наеднаш на вила. Ги разредуваше во колата големите навилци сено.
навили | св.
Направи стогови сено. Подраниле кон ливаѓето прекосот да го навилат на стогови.
навилка | ж.
навине (се) | св.
навира 1 | несв.
навира 2 | несв.
навири | св.
безл. Насобере вода на едно место, направи вир; вири. Почекавме да се навири вода во кладенчето.