недохранување | ср.
Недоволно, слабо хранење.
недочитан | прид.
Што не е дочитан до крај, што не е прочитан. Недочитано писмо. Недочитан роман.
недоѕидан | прид.
Што е започнат со ѕидање, а не е доѕидан, изѕидан до крај. Недоѕидана куќа.
недојаде | св.
Не се најаде доволно, не заврши со јадењето. За да не задоцни, недојаде.
недраг | прид.
Што не е сакан, што не е драг, мил. Недраг познајник. Недраги спомени.
недругар | м.
Тој што се покажува како лош другар, што не се однесува како другар.
недругарски | прид.
Што се однесува на недругар. Недругарски однос. Недругарска постапка.
недружељубив | прид.
Што не е дружељубив, што не сака да се дружи. Недружељубиви соседи.
недружељубие | ср.
недуг | м.
Телесен или душевен недостаток; болест.