недотеран | прид.
Што не е дотеран, со терање доведен на определено место. Остана добитокот недотеран од пасење.
недотокмен | прид.
За сметка, долг и др. – што не е во целост платен, оддолжен. Уште една сметка остана недотокмена.
недотресен | прид.
Што не е доволно истресен. Го посла килимчето недотресено.
недоумева | несв.
Се наоѓа, е во недоумица. Уште недоумева што да направи.
недоумение | ж.
недоумица | ж.
Двоумење, колебање, сомневање. Се најде во поголема недоумица.
недоучен | прид.
Што не учел, што не научил доволно; што го прекинал учењето. Влегоа на работа недоучени.
недофатен | прид.
Што не може да се дофати. Недофатна височина. Недофатна убавина. Недофатна среќа.
недофатлив | прид.
Што не може да се фати, да се дофати, недофатен.
недохранет | прид.
Што е недоволно, што е слабо хранет, неисхранет. Недохранети деца.