незаконие | ср.
незаконит | прид.
Што не е законит, што не е според законот, што не е заснован на закон. Незаконита постапка. Незаконито решение.
незаконски | прид.
Што не е законски, што не е во духот на законите; Незаконско однесување.
незакрепнат | прид.
Што не е закрепнат, што е сè уште слаб. Незакрепнато здравје. Незакрепнат организам.
незаменлив | прид.
Што не може да се замени, да има соодветна замена. Мајката е незаменлива за детето. Тој се смета за незаменлив.
незамислив | прид.
Што не може да се замисли, да се претстави. Незамислива разлика. Незамислива далечина. Незамислив пустош.
незаморен 1 | прид.
Што не е заморен, уморен, што не чувствува замор. И покрај работата, се чувствуваа незаморени.
незаморен 2 | прид.
Што не се заморува. Беа незаморни во раскажувањето разни доживувања.
незанимлив | прид.
Што не е занимлив, неинтересен, здодевен. Незанимлива претстава. Незанимливо патување.
незаобиколен | прид.
Што не може, што тешко може да се заобиколи, да не се изврши, да се избегне. Незаобиколна потреба. Незаобиколна обврска.