незаслужен 1 | прид.
Што не е заслужен, што не е соодветен на наградата, на признанието и сл. Незаслужен одмор. Незаслужено унапредување. Незаслужено признание.
незаслужен 2 | прид.
Што нема заслуга за нешто, што е без заслуга. Има заслужни, но има и незаслужни граѓани.
незастарен | прид.
Што не е застарен, што е уште во употреба, во сила, што уште важи. Незастарен пропис. Незастарена вина.
незастарлив | прид.
Што никогаш не застарува, што не подлежи на застарување. Незастарлив долг. Незастарлива вина.
незафатен | прид.
Што не е зафатен; слободен. Незафатено место.
незаштитен | прид.
Што не е заштитен од нешто, што нема заштита. Незаштитено дете. Незаштитен граѓанин. Незаштитен од кражба.
незајакнат | прид.
Што уште не е зајакнат, што е со слабо здравје; незакрепнат.
незван | прид.
Што не е поканет. Незвани гости.
незгода | ж.
Несакана, непријатна случка, непријатно доживување. На враќање имавме незгода, ни ги загубија куферите.
незгоден | прид.
Што не е згоден; неудобен, непријатен, несоодветен. Незгоден стол. Незгодна работа. Незгоден случај. Незгодно време.