ненадоместлив | прид.
Што не може да се надомести. Ненадоместлива загуба. Ненадоместлива штета.
ненакажан | прид.
ненаклонет | прид.
Што не е наклонет кон некого или кон нешто.
ненакршен | прид.
Што не е накршен; цел, целосен. Ненакршен леб.
ненаменски | прид.
Што не е наменски, што не е наменет, што не е однапред определен за нешто. Ненаменски средства.
ненамерен | прид.
Што не е намерен; случаен. Ненамерен допир. Ненамерна постапка.
ненаместен | прид.
Што не е наместен, уреден, дотеран. Ненаместен кревет. Ненаместени книги. Ненаместен часовник.
ненаметлив | прид.
Што не е наметлив; прибран, скромен. Ненаметлив пријател. Ненаметлива порака. Ненаметлив стил.
ненаоден | прид.
Што не се наживеал, не се науживал (во младоста и љубовта). Се ожени ненаоден, многу млад.
ненапарен | прид.
Што не се напарил, што не доживеал некоја напара, што не настрадал.