ненавикнат | прид.

Што не е навикнат на некого, на нешто. Тие биле ненавикнати да живеат заедно.

ненавист | ж.

Чувство на непријателство, на одбојност; омраза.

ненадарен | прид.

Што не е надарен за нешто, што нема дарба; неталентиран. Ненадарен за музика.

ненадеен | прид.

Што се случува без навестување, ненадејно, неочекувано. Ненадеен напад. Ненадеен удар. Ненадеен дожд.

ненадеж | ж.

Во составот: од ненадеж – ненадејно, неочекувано; Нападнаа од ненадеж. Од ненадеж си отидоа.

ненадежен | прид.

Што не дава надеж, во кој не може да се има надеж. Ненадежен човек. Ненадежна состојба.

ненадлежен | прид.

Што не е надлежен за нешто, што нема право на решавање. Ненадлежен службеник. Ненадлежен суд.

ненадминат | прид.

Што не е надминат; врвен. Ненадминат резултат. Ненадмината брзина.

ненадминлив | прид.

Што не може да се надмине.