неоздравен | прид.

Што уште не е оздравен, што е сè уште болен. Отиде на работа неоздравен.

неолит | м.

Подоцнежен период од камената епоха, кој се карактеризира со изработка на орудија од делкан, мазнет камен.

неологизам | м.

Нов збор, нов израз или ново значење на даден збор во јазикот.

неомажена | прид.

Нема машки род.

неон | м.

Хемиски елемент од групата на благородните гасови, кој гори со портокаловоцрвена светлина и се употребува за осветлување во неонски цевки и за светлосни реклами; симбол Ne.

неонка | ж.

Неонска светилка. Неонката прегорела. Во дневната соба ставивме неонки.

неопарен | прид.

неопасен | прид.

Што не е опасен, безопасен. Неопасен спорт. Неопасна игра.