неопиплив | прид.
Што не може да се почувствува, да се уочи, да се забележи; Неопипливи резултати. Неопиплива разлика.
неопитен | прид.
Што нема опит, неискусен, невешт. Млади и уште неопитни инженери.
неопишан | прид.
Што не е опишан, за кој нема опис. Флората на тој регион уште е неопишана.
неоплакан | прид.
Што не е оплакан, што не е погребан според обичајот. Погинал некаде и таму остана неоплакан.
неоплоден | прид.
Што не е оплоден. Неоплодено јајце.
неопортун | прид.
Што не е опортун; неумесен, непогоден. Неопортуно решение.
неоправдан | прид.
Што нема оправдување, што не може да биде оправдан. Неоправдано отсуство. Неоправдани причини. Неоправдани барања.
неопределен | прид.
Што не е определен, што не е точно установен во некој однос (по време, количество, боја и др.). Неопределен рок. Неопределена тежина. Неопределена форма. Неопределена далечина.
неоптоварен | прид.
неопулен | прид.