Непал | м.
Држава во Азија.
непара | прил.
Не толку многу, недоволно, слабо. Непара учи. Непара јаде. Непара се грижи за работата. Овде непара се гледа. Децата непара го слушаат. Непара се сакаат.
непарен | прид.
Што не е во пар, што не е делив со два. Непарни броеви.
непарламентарен | прид.
Што не ги почитува правилата на парламентарниот ред, што не е толерантен спрема другите мислења.
непартиец | м.
Што не е член на партија.
непечен | прид.
Што не е печен или што не е доволно печен. Непечени тули. Непечено кафе. Го извади лебот уште непечен.
непипнат | прид.
Што е онаков каков што си бил, каков што е произведен, што не е употребен;
неписмен | прид.
Што не знае да пишува и да чита. Неписмени луѓе.
непишан | прид.
Што е познат, општо прифатен, иако не е напишан, иако нема напишана законска форма. Непишан закон. Непишано правило.
неплатен | прид.
Што не е платен, за кој не се прима паричен надоместок. Неплатен годишен одмор. Неплатен болничар. Неплатен стажант.