неотстапен | прид.

Што не отстапува; упорен, наметлив. Неотстапна мисла. Неотстапна грижа.

неотстаплив | прид.

Што не е склон да отстапи, да попушти. Неотстаплив соговорник.

неотстранлив | прид.

Што не може да се отстрани. Неотстранлива нечистотија.

неотуѓив | прид.

Што не може, не смее да биде отуѓен, одземен. Неотуѓиво право.

неофашизам | м.

Движење на екстремно националистичките сили во некои земји кое се стреми кон оживување на фашистичката идеологија.

неофицијален | прид.

Што не е официјален. Неофицијален разговор. Неофицијална средба. Неофицијални податоци. Неофицијален извештај.

неоформен | прид.

Што не е оформен, што не добил определена форма; незавршен. Неоформен карактер. Неоформена мисла.

неоценлив | прид.

Што не може да се оцени, на кој не може да му се определи цената, вредноста; скапоцен. Неоценлива вредност. Неоценливо богатство. Неоценливо културно наследство.

неочекуван | прид.

Што не е очекуван; ненадеен, непредвиден. Неочекувана посета. Неочекувана промена. Неочекуван пресврт. Неочекуван напад.

неоштетен | прид.

Што не е оштетен, што не претрпел штета. Во судирот останал неоштетен.