неправилен | прид.
Што не е правилен во однос на некоја норма; погрешен, неточен, неусогласен. Неправилно решение. Неправилна постапка. Неправилна реченица. Неправилна употреба.
неправина | ж.
неправичен | прид.
неправо | прил.
На неправеден начин, несправедливо. Имотот неправо го поделиле.
непрактичен | прид.
За човек – што нема смисла за практичност. Од другите се разликуваше со тоа што беше непрактичен и многу разговорлив.
непран | прид.
Што не е испран; нечист, валкан. Непрани алишта.
непранко | м.
Неиспран, нечист човек (маж, дете).
непребол | м.
Тоа што не може да се преболи. Сè се преболува. Бездруго сè! / Често си мислам: непребол нема!
непреболен | прид.
Што не може да се преболи.
непреводлив | прид.
Што не може да се преведе. Непреводлив збор. Непреводлива песна.