непоткован | прид.

Што не е поткован. Непоткован коњ.

непоткуплив | прид.

Што не може да биде поткупен; неподмитлив.

непотребен | прид.

Што не е потребен; ненужен, излишен. Непотребни трошоци. Непотребни подробности.

непочитување | ср.

Немање, отсуство на нужно, на должно почитување; неуважување. Непочитување на редот.

непоштеден | прид.

Што не знае за поштеда; безмилосен, жесток;

непојаден | прид.

Што не појадувал. Отиде на работа непојаден.

неправ | прид.

Што не е прав; лажен, невистински.

неправда | ж.

Немање правда, отсуство на правда, на справедливост; беззаконие, насилство. Му нанесе неправда. Не трпи неправди. Се бори против неправдата. Социјална неправда.

неправеден | прид.

Што не е заснован на правда; несправедлив. Неправедна пресуда.