ноќев | м.

Ноќевалиште. Само таму без пари даваат ноќев.

ноќева | несв.

Ја поминува ноќта. Ноќеваа во еден манастир.

ноќевалиште | ср.

Место каде што се ноќева.

ноќем | прил.

ноќен | прид.

Што се случува во ноќта, што се однесува на ноќ. Ноќна забава. Ноќна посета. Ноќна прошетка. Ноќна свежина. Ноќен кошмар. Ноќен страв.

ноќеска | прил.

Во минатата ноќ. Ноќеска убаво си поминавме.

ноќешен | прид.

Што се однесува на минатата ноќ. Ноќешниот концерт беше многу посетен. Уште се познаваа ноќешните траги.

ноќта | прил.

Во таа ноќ за која станало, за која станува збор. Ноќта преспале во селото. Ноќта ги пречекав на станица.

ноќува | несв.