нотира | св. и несв.

Забележи, забележува; запише, запишува.

нотиран | прид.

Што е запишан со ноти. Нотирана песна.

ноторен | прид.

Општопознат, очевиден. Ноторен факт. Ноторна вистина.

ношница | ж.

Долга кошула за спиење.

ној | м.

Најголема птица од редот на тркачките (што не летаат) со долги, снажни нозе и со убави пердуви, живее во топлите краишта; Struthi camelus.

ноќ | ж.

Дел од деноноќието, од вечерта до утрото. Длабока ноќ. Немирна ноќ. Седеа долго во ноќта.

ноќви | и.

Дрвено корито за месење леб. Ги отвори ноќвите и почна да сее брашно.

ноќе | прил.

Преку ноќта, во текот на ноќта. Ноќе не можеше да заспие. Детето плачеше по мајка си и дење и ноќе.