Нукуалофа | ж.
Главен град на Тонга.
нула | ж.
Цифрен знак – 0 што означува отсуство, непостоење на големина.
нулов | прид.
Што се однесува на нула, што поаѓа од нула. Нулова точка.
нумера | ж.
Одделна точка во програмата на приредба, концерт и сл. Музичка нумера.
нумератор | м.
Направа, апарат за нумерирање, за броење; бројач.
нумерација | ж.
Ставање броеви, означување со броеви.
нумерира | св. и несв.
Стави, става номер, број; означи, означува со номер, со број.
нумерологија | ж.
Користење на броевите за толкување на карактерот или за претскажување за иднината на човекот.
нумизматика | ж.
Наука за кованите пари, монетите, и за медалите како споменици на културата.
нумизматичар | м.
Тој што се занимава со нумизматика.